ПРАВНА КЛИНИКА? - Што е тоа?

ПРАВНА КЛИНИКА? - Што е тоа?

Првната клиника не е место каде се лекуваме  – Тоа е факт. Не е ниту болница, ниту приватна здравствена клиника, центар за јавно здравје... – ништо од тоа.

Првната клиника, да, точно е дека обезбедува помош како и здравствените установи, но таа не е место каде добиваш нега од доктор.

Дали некогаш ти се случило да не знаеш како да пополниш барање во подрачните служби на министерството за внатрешни работи, а итно ти бил потребен извод од матична книга на родени, лична карта, пасош и сл.? – Сигурно, одговорот е ДА.

Токму поради ова постојат правните клиники.

Првната клиника е интерактивен метод на едукација каде студентите учат преку работа на реални случаи.

Дали знаеш дека студентите кои студираат право можат да ти помогнат да се справиш со определена правна ситуација и да ти понудат решение на истата?

Тоа е токму така, бидејќи студентите кои студираат право, веќе се запознаени со теоретската рамка на правото, само уште недостига да ја имплементираат во посебни случаи од секојдневното живеење.

Студентите, се всушност и главните креатори на овој модел на учење, преку имплементирање во пракса. Самите тие го развиле моделот уште во 60тите години на минатиот век. А големите залагања на студентите за тоа, се појавиле како резултат на потребата студентите по право да се доведат поблиску до проблемите со кои ќе се соочуваат како идни правници.

Интересен е фактот што досегашното искуство покажува дека оваа програма се покажала доста успешна кон остварување, како на образовната така и на социјалната цел, поради тоа што најчесто се насочени кон пружање помош на лица од ранливи категории кои имаат правен проблем, но не можат да си дозволат стручна помош.

Дали некогаш ти била потребна правна помош?

И каде си ја добил?

Најчесто, помошта која правната клиника ја нуди е поврзана со остварување на права од социјална заштита, здравствена заштита, права на ранливи категории потрошувачи, права на членови на семејстава на притворени и затворени лица, правна заштита пред Народен правобранител. 

Доколку ти е потребна било каква помош поврзана со пополнување на барања, формулари, жалби, тужби, или ти се потребни било какви информации за тоа каде можеш да ги оствариш твоите права, како да решиш некој правен проблем – правните клиники се идеално место каде ќе најдеш соодветно решение.

А дали си слушнал за правни клиники во нашата земја?

Дали знаеш каде можеш да ги најдеш и за каков вид на помош да им се обратиш?

Можеби не знаеше, но во Република Македонија има 2 правни клиники, од кои едната се наоѓа на Правниот Факултет “Јустинијан I” во Скопје, а другата е на Правниот Факултет во Битола.

А верувале или не, и бесплатно е!


Print   Email