Потребни документи за здравствено осигурување на невработените лица

Потребни документи за здравствено осигурување на невработените лица

Невработените лица кои за прв пат се пријавуваат во ФЗОМ за стекнување на право на здравствено осигурување, не е потребно да доставуваат и потврда од Агенцијата за вработување на Република Македонија дека се невработени лица.

Тие лица во Подрачната служба на Фондот треба да поднесат барање за остварување на право на здравствено осигурување (барањето е достапно преку веб-страницата на ФЗОМ, www.fzo.org.mk или на шалтерите во подрачните служби на ФЗОМ).

Кон барањето се приложува следната документација:

-        Пријава за задолжително здравствено осигурување;

-        Копија од извод од матична книга на родени, односно венчани;

-        Копија од лична карта со согласност на подносителот на пријавата

-        Здравствена легитимација.


Print   Email