Слободни денови кои ви следуваат по закон

Слободни денови кои ви следуваат по закон

Условите кога работникот може да да го користи правото на платено отсуство, се утврдува со колективен договор согласно Законот за работни односи.

Правото на платено отсуство работникот го користи врз основа на одлука која ја донесува работодавачот, при што надоместокот на плата како и другите права што ги корити работникот за време на платеното отсуство, се определуват според времетраењето на користењето на тоа отсуство.

Работникот има право на платен одмор заради лични и семејни околности.

Дали знаеш дека ти следуваат:

– за полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот до 3 дена.

– за елементарни непогоди до 3 дена.

– за склучување на брак  3 дена.

– за склучување брак на дете 2 дена.

– за раѓање или посвојвуање дете 2 дена.

– за смрт на сопружник или дете 5 дена.

– за смрт на родител, брат, сестра 2 дена.

– за смрт на родител на сопружник 2 дена.

– за смрт на дедо или баба 1 ден.


Print   Email