Одржана едукативна работилница на тема „Родова еднаквост“

Одржана едукативна работилница на тема „Родова еднаквост“

ИНФО СЕГА Новости Hits: 361

На 20.3.2019 година во просториите на Младински информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА се одржа едукативна работилница на тема „Родова еднаквост“.

Работилницата ја водеше нашата волонтерка Ема Алкок од Америка. Целта на оваа работилница беше да се зголеми свеста за родовите односи во Македонија и да се поттикне критичкото размислување за предизвиците во врска со родовите односи.

Младински информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА ќе продолжи да одржува едукативни и креативни работилници со кои преку неформално учење ќе стекнете нови знаења од разни актуелни теми.

Print