Се одржа втората работилница од Летната креативна школа за деца

Се одржа втората работилница од Летната креативна школа за деца

ИНФО СЕГА Новости Hits: 428

Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА денес ја одржа втората работилница од Летната креативна школа за деца.

На работилницата учествуваа 35 дечиња.

Оваа работилница беше во природа. Денес се дружевме и се забавувавме во паркот кај Могилата. Научивме новa игрa со топка (dodgeball), а игравме и фудбал, одбојка, подаванка.

 

Денес одлучивме да го искористиме сонцето, да излезиме малку на свеж воздух, да се дружиме и да се забавуваме!

Целта на овие работилници е преку игра дечињата да се едуцираат и забавуваат. Младинскиот информативен и советодавем центар ИНФО СЕГА ќе продолжи со работилници.

Продолжуваме и понатаму со нашата приказна!

Доколку сакате да сте дел од приказната, слободно може да ни се придружите!

 

За едно поразлично и забавно лето!

За тоа како си поминавме, може да видите на следниот линк.

Print