На 15 мај 2019 година, во просториите на СОУ "Ѓорче Петров" Прилеп се одржа работилница на тема Привилегија.
На работилницата учествуваа 32 ученици од училиштето.
На почетокот учениците беа воведени во работилницата и им се објасни за што ќе се зборува во истата, како и им се објасни што претставува привилегијата и какви видови на привилегии постојат.
Подоцна им се објаснија правилата на учениците и беа поделени во групи, па преку игра беа воведени во активноста „Privilege for sale“.
На секоја од групите им беа доделени различни суми на „пари“, и секоја група требаше да се одлучи која од привилегиите сакаат да ја купат.
На крај се отвори дискусија со учениците.
Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА Прилеп ќе продолжи со реализирање на вакви едукативни работилници, а со тоа и со соработка со локалните училишта.