Креативна работилница: „Доверба, мир и толеранција во светот“ како дел од проектот „ИМПАКТ – Вклучувањето е важно!“

Креативна работилница: „Доверба, мир и толеранција во светот“ како дел од проектот „ИМПАКТ – Вклучувањето е важно!“

На 31 октомври, во просториите на Коалиција СЕГА се одржа креативна работилница на тема „Доверба, мир и толеранција во светот“ како дел од проектот „ИМПАКТ – Вклучувањето е важно!“

Главна цел на работилницата беше боење на платно со темперни бои на пораката која локалните млади сакаат да им ја испратат на мигранитите.Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со VIFIN – Videnscenter for Integration Denmark го реализира проектот: “ИМПАКТ – Вклучувањето е важно! Користење на изведувачка уметност кон кохезија и толеранција”.Целта е да се промовира социјалното вклучување преку развивање на уметнички стратегии, техники и методологии насочени кон бегалците и граѓаните на локално ниво.

Проектот го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со VIFIN – Videnscenter for Integration - Данска (водечка организација), ALDA - Франција, La Piccionaia – Италија, ЛДА – Црна Гора, ЛДА – Босна и Херцеговина, Association for Developing Volunteering Work – Словенија и Urban Development Center – Србија, а е финансиран од Еразмус+ програмата.

Доколку сакате да видите повеќе за работилницата, одете на следниот линк.


Print   Email