Коалиција СЕГА го започнува проектот „Младите и Европските вредности“

Коалиција СЕГА го започнува проектот „Младите и Европските вредности“

ИНФО СЕГА Новости Hits: 423

Коалиција на младински организации го започнува проектот „Младите и Европските вредности“ кој е финансиски поддржан од Владата на Република Северна Македонија - Генералeн секретаријат.

Проектот започна на 20 Октовмри оваа година и ќе трае до 20 јуни наредната година.

Проектот „Младите и европските вредности“ има за цел да придонесе кон развиен и одржлив граѓански сектор кој адекватно ги адресира потребите на младите на Р. С. Македонија. Согласно на потребите на младинските граѓански организации проектот предвидува методологија која опфаќа два клучни сегменти во насока на Зајакнување на капацитетите на младинските организации во Р.С.Македонија за промоција на европските вредности во согласност со европските трендови и практики:

1.Процес на јакнење на капацитетите на младинските организации во Македонија за промоција на европските вредности на младите

2.Промоција на европските вредности меѓу младите на локално и национално ниво.

Носител на проектот е Коалиција на младински организации СЕГА, која е национална платформа на младински организации активна во полето на лобирање за промени во младинските политики, посветена кон подржување на младинскиот активизам, подобрување на пристапот до информации и учеството на младите луѓе во активности за решавање на нивните проблеми. СЕГА како одржлива и развиена младинска коалиција овозможува младите да веруваат во себе, да ги остваруваат своите интереси, да креираат и да градат.

Вкупните финансиски средства предвидени за спроведување на проектот се во вкупен износ од: 919.860,00 денари, од кои 320.400,00 денари се учество на Коалиција СЕГА додека 599.460,00 денари се побарани од Програмата за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации на Владата на Р.C.Македонија.

Print