Втората Волонтерска акција е одржана во Прилеп #ВолонтирајИнспирирај!

Втората Волонтерска акција е одржана во Прилеп #ВолонтирајИнспирирај!

ИНФО СЕГА Новости Hits: 409

На 26.09.2019 во во дворот Основоно Училиште „Гоце Делчев “ во Прилеп се одржа волонтерската акција на Младински Совет Прилеп.

Акцијата се одржа во рамките на кампањата Волонтирај!Инспирирај! која ја спроведува Коалиција СЕГА на национално ниво заедно со нејзините пет локални партнери. Taa беше спроведена од страна на локалните волонтери на Младински Совет Прилеп заедно со учениците и нивните наставници креираа дел

од градината која потоа ќе ја користи градинарската секција на училиштето. На акцијата и претходеа и панел дискуција во Општина Прилеп, инфоден и едукативна работилница со ЕВС/ЕСК волонтери и волонтери од Peace Corps North Macedonia.

Волонтерите кои беа дел од акцијата направија и видео кое можете да го погледнете на следниот линк.

Кампањата има за ЦЕЛ да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање во нашата земја.

Преку кампањата и предвидените активности ќе се влијае на подигнување на свеста кај младите за волонтирање преку нивно вклучување во конкретни волонтерски локални акции.

Останете во тек следуваат останатите 3 акции во различни градови во нашата држава!

Print