Конференција „КАКО ДА СЕ ПОДОБРАТ МЕРКИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ПРЕВЕНЦИЈА ОД НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТА“

Конференција „КАКО ДА СЕ ПОДОБРАТ МЕРКИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ПРЕВЕНЦИЈА ОД НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТА“

На 19 септември 2019, се одржа Конференција „КАКО ДА СЕ ПОДОБРАТ МЕРКИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ПРЕВЕНЦИЈА ОД НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТА“во организација на Коалиција СЕГА во хотел Континентал Скопје.

На Конференцијата учествуваа 50 претставници на вклучените училишта во проектот „Препознај, превенирај и примени мерки против насилство“, претставници на Центрите за социјална работа, БРО, МОН, Комитет за превенција на насилен екстремизам и борба против тероризам, и др. Воедно на конференцијата беше презентирана и Анализата за „Актуелна состојба за постоење, превенција и справување со насилство во средните училишта“.

Зоран Илиески, Извршен директор на Коалиција СЕГА изјави: „Оваа конференција ќе донесе нови искуства и пракси во препознавањето и превенцијата на насилство во училиштата. Од посебна важност, е овој проект за заедницата особено поради фактот што во последно време сведоци сме на се побројни случаи на насилство во училиштата, што се должи на различни фактори, а самото тоа придонесува насилството да се појави во различни облици. Резултатите од спроведеното истражување покажаа дека 70% од испитаниците (учениците во средните училишта) сметаат дека насилството во нивните училишта е присутно, додека 18% од учениците, сметаат дека насилството никогаш не се случило во нивното училиште. Преку овој проект беше истражен битен сегмент за реалната состојба во училиштата во однос на постоење на мерки за превенирање, идентификување и справување со насилство меѓу учениците.“

Марија Нашоковска, надворешен соработник изјави: „Наодите од Анализата покажа дека најзастапени севербалното и социјалното насилство во училиштата т.е. 35% од испитаниците ги избрале овие два вида на насилство, додека на трето место е физичкото насилство. Оговарањето и ширењето на лаги за некого (48%), како и исмејувањето и омаловажувањето на некого (45%) се најзастапени облици на насилство според учениците. Скоро половина од испитаниците сметаат дека и момчињата и девојките подеднакво практикуваатнасилство во училиштата, додека 41% сметаат дека момчињата повеќе практикуваат насилство.“

Многу веројатно дека на учениците им недостига храброст и самодоверба да преземат нешто во случај нанасилство иако и самите се свесни дека нешто треба да направат. За 45% од испитаниците, реакцијата нанадлежните би требало да биде многу побрза и посоодветна. Само 23% од учениците се задоволни одинволвираноста и интервенцијата на надлежните во училиштето.

Повеќе слики од Конференцијата можете да најдете на следниот линк.

 

Овој настан е дел од проектот на Коалиција СЕГА „Препознај, превенирај и примени мерки против насилство“, поддржан во рамките на програмата за доделување на грантови на проектот “Стратешки партнерства за развивање на социјална агенда за промени: Препознај, почитувај и остварувај права” спроведувана од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта а финансирана од ЕУ.


Print   Email