Одбележан Меѓународниот ден на мирот

Одбележан Меѓународниот ден на мирот

На 20 септември 2019 година во ООУ „Гоце Делчев“ се одржа работилница заедно со волонтерката Ема Алкок од Мировен Корпус - Америка.

Работилницата беше по повод 21 септември - Меѓународниот ден на мирот. На работилницата дечињата имаа активност за медитација, а потоа на големо платно на кое беше нацртан бел гулаб - симболот на мирот оставаа отпечатоци од дланки во разни бои. На крај, на сите деца им поделивме по еден лист на кој имаше бел гулаб, да го бојат во својата омилена боја.

Потоа, во центарот на градот делевме рачно изработени бележници за книги во кои беа скриени инспиративни пораки.

Младинскиот информативен и советодавен центар ќе продолжи со вакви настани и со одбележување поважни датуми.

Повеќе фотографии можете да погледнете на следниот линк: https://www.facebook.com/infosega/posts/2350430065012245?notif_id=1568979124567187&notif_t=page_post_reaction&ref=notif


Print   Email