Меѓународен ден на демократијата

Меѓународен ден на демократијата

На 13 септември во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп се одржа работилница по повод 15 септември - Меѓународен ден на демократијата.

На работилницата учениците се запознаа со различните форми на владеење и општествено уредување: демократија, монархија, анархија, комунизам, тоталитаризам и др. Преку разни активности учениците ги дефинираа овие поими, се запознаа со карактеристиките на секоја од формите на владеење и дискутираа за позитивните и негативните страни. Потоа, преку квиз одговара на прашања поврзани со демократијата.

Одбележувањето на меѓународните денови е можност да се едуцираат младите и да се покренат прашања за решавање на некои глобални проблеми.


Print   Email