Летна креативна школа - Работилница „Мали олимписки игри“

Летна креативна школа - Работилница „Мали олимписки игри“

Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА и Младински Совет Прилеп, заедно со своите волонтери од Франција, Турција, Америка, Шпанија, и со локалните волонтери, одржа уште една работилница од Летната креативна школа.

Денес повторно се одлучивме за активности надвор во природа.

Денешната работилница ја нарековме „Мали олимписки игри“, кои се разбира ги модифициравме и ги направивме да бидат соодветни за групата со која што се дружиме.

Трчавме, игравме, се смеевме и се забавувавме.

  

Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА ќе продолжи и наредната недела со дружбата со нашите мили дечиња.

 

Ние уживаме, а се надеваме уживаат и тие!


Print   Email