Одржана едукативна работилница – „Communication workshop“

Одржана едукативна работилница – „Communication workshop“

На 3 мај 2019 година во СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп, се одржа едукативна работилница на тема: Комуникација.

Работилницата ја подготвија и ја реализираа нашите волонтери Ема Алкок од Америка, Нело Девал од Франција и Бегум Сејхан од Турција.

Преку разни активности учениците практикуваа ефективна комуникација во рамките на еден тим, им објаснивме како да ги пренесуваат добрите и лошите вести и како да комуницираат пред група.

Преку оваа работилница учениците се запознаа со позитивните комуникациски техники кои може да ги користат во својот професионален и личен живот. Целта на  работилницата е учениците да ја сфатат важноста на ефективната комуникација и како можат со својот работодавач да разговараат за прашања и проблеми на позитивен начин што ќе резултира со компромис.


Print   Email