Одржана обука за врснички едукатори на тема „Работнички права за млади, појави кои ги загрозуваат и механизми за заштита“

Одржана обука за врснички едукатори на тема „Работнички права за млади, појави кои ги загрозуваат и механизми за заштита“

Одржана обука за врснички едукатори на тема „Работнички права за млади, појави кои ги загрозуваат и механизми за заштита“

Млади синдикални активисти и претставници на невладини организации од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Хрватска и Словачка присуствуваа на обуката во Братислава од 20 до 25 мај во рамките на проектот „Rights at work, work on rights“ со фокус на младинските работнички права, негативни појави кои ги нарушуваат и механизми на заштита.

Идејата е да се пренесат стекнатите знаења на нивните врсници на работилници кои ќе бидат директен резултат на собирот во Словачка.

Поддршка за младите учесници, како за време на обуката така и за понатамошна работа, освен од синдикатите-учесници во проектот обезбедена е и од страна на младинските здруженија на граѓани: координаторот на проектот - Центарот за развој на млади во Белград, Youth Watch од Словачка, Фондација Будва, Центар за синдикално образование од Бања Лука и Коалиција на младински организации СЕГА од Прилеп. Исто така, на обуката присуствуваше и претставник на Центарот за напредни студии на Југоисточна Европа на Универзитетот во Риека, како партнер кој координира сеопфатно истражување, поставувајќи ја основата за понатамошен проток на проекти.

За време на проектот беа спроведени истражувања во Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Словачка за свеста на младите работници за нивните работнички права, врз основа на кои беа направени национални извештаи.

За време на обуката во Братислава продолжи подготовката на промотивни и информативни кампањи, а по обуката младите синдикални едукатори ќе се спроведат работилници меѓу вработените.

Повеќе фотографии можете да погледнете на следниот линк.


Print   Email