Средба со ГО од Прилеп во просториите на Коалиција на младински организации СЕГА

Средба со ГО од Прилеп во просториите на Коалиција на младински организации СЕГА

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамките на проектот Граѓански ресурсен центар организираше отворен ден со граѓанските организации во Прилеп на 28 мај со почеток во 12:00 часот во просториите на Коалицијата на младински организации СЕГА.

Оваа средба е дел од Мобилниот ресурсен центар и се одржа во партнерство со Коалицијата на младински организации СЕГА. Средбата траеше околу 2 часа. На неа присуствуваа претставници од Младински совет Прилеп, Лионс Клуб Прилеп, Здружение за развој на регионот Мариово, Либертас , Работнички универзитет „Пере Тошев“ , Планинарски спортски клуб ЗЛАТОВРВ и др.

Целта на средбата беше да се информираат локалните организации за Граѓанскиот ресурсен центар и можностите што ги нуди центарот, како и други теми и прашања кои се од интерес за функционирањето на организациите.


Print   Email