Одржана работилница по повод одбележување на Велигден

Одржана работилница по повод одбележување на Велигден

Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА од Прилеп заедно со своите ЕВС волонтери од Турција и Франција, а во соработка со основното училиште „Климент Охридски“ – Прилеп, денес на 25 април одржа работилница со цел одбележување на Велигден.

Целта на оваа работилница беше да се поттикне креативноста на учениците и да се изработат најразлични креативни дела.

Сите ученици беа посветени на работата и покрај нивната возраст не се чувствуваше никаква бариера при изразување на својата кретивност.

Голема благодарност до наставничката Светлана Златеска и до училиштето кои ја дадоа својата поддршка при реализирањето на оваа работилница.

Ни претставува задоволство да работиме со вредни и посветени ученици како тие што присуствуваа на нашите работилници.

Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА од Прилеп и понатаму ќе продолжи со реализирање на ваков вид креативни работилници.


Print   Email