Започна летната креативна школа! Се одржа првата работилница

Започна летната креативна школа! Се одржа првата работилница

Летната креативна школа за деца официјално започна!!

Денес, во просториите на Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА во Прилеп, се одржа првата работилница од Летната креативна школа за деца. На работилницата присуствуваа 35 дечиња.

Ја започнавме работилницата со игри за запознавање, со цел дечињата да се запознаат меѓу себе, да се опуштат и да продолжат со останатите активности. На оваа работилница тема ни беше Сончевиот систем и планетите. Научивме за сонцето, колку планети има, како се викаат и како изгледаат. Учевме, боевме, сечевме, лепевме и пишувавме, но пред се се забавувавме!

Целта на овие работилници е преку игра дечињата да се едуцираат и забавуваат. Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА ќе продолжи со работилници.

За едно поразлично и забавно лето!

За тоа како си поминавме, може да видите на следниот линк.


Print   Email