ИНФО СЕГА Кавадарци и Прилеп дел од организациската самопроценка на СЕГА

ИНФО СЕГА Кавадарци и Прилеп дел од организациската самопроценка на СЕГА

Во периодот од 29 до 30 јуни, во хотел Гардениа во Велес, се одржа Организациска самопроценка на Коалиција на младински организации СЕГА.

На овој настан учесници беа Управниот одбор на Коалиција СЕГА, Надзорниот Одбор, персоналот од централната канцеларија и преставници на Младинските информативни центри од Прилеп и Кавадарци.Се разговараше за моменталнта состојба на Коалиција СЕГА и што треба во иднина да биде направено  за нејзиното успешно функционирање.

Оваа година Коалиција на младински организациии СЕГА слави 15 години од нејзиното постоење во нашата држава.

Организациската самопроценка е дел од проектот : „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници“ , кој е финансиски поддржан од УСАИД.


Print   Email