НА КАФЕ СО УСПЕШНИ МЛАДИ

НА КАФЕ СО УСПЕШНИ МЛАДИ

ИНФО СЕГА Новости Hits: 396

На 7ми ноември, Инфо Клуб-Штип организираше младинско бизнис кафе, кое се одржа во Универзитетскиот ресторан.

Гости говорници беа: Викторија Кукушев Зафирова претседател на НЕЦИ НМК, Јована Георгиева каратистка на годината и спортист на Град Штип за 2017 год и Филип Андоновски директор на "АгроСолар". Говорниците го раскажаа својот пат до успехот, мотивирајќи ги присутните да ја достигнат нивната цел. На крај имаше сесија за прашања и одговори како и време за дружба.

Виктоија Кукушев Зафирова магистрирала на  универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Велико Трново, Бугарија. Таа била претседател на малдинскиот совет на град Штип, а сега е едукатор по трудово право и претседател на „НЕЦИ НМК.“

NECI е непрофитна, невладина организација. Подготвени европски волонтери од различно потекло имаат за цел да соработуваат за да помогнат на (а) намалување на дискриминацијата и маргинализацијата, (б) реализирање на нашиот заеднички европски идентитет преку повеќе активности кои се базираат на семинари, работилници, студиски посети, засенчување на работа, волонтирање, размена на млади итн., (в) да ги чувствуваме и живееме сите можности што ги имаме како граѓани на ЕУ. Така, имаме за цел да создадеме моќна група / тим на граѓани од Европа од различно културно потекло и образовно и финансиско ниво кои ја делат истата визија: Еднакви и пристојни можности за доживотно учење, за здравје и за уживање во здрава животна средина.

Јована Георгиева завршила средно образование во гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип, а сега е четврта година на природно математичкиот факултет при универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа е медалист на европското првенство во карате, 2017 како и спортист на град Штип за 2017 година. Нејзиното патешествие најпрво започналало во карате клубот „Македонка“ во Штип, а  продолжило во карате клубот „Олимпик“ во Скопје. Јована сеуште му е целосно посветена на спортот, но нејзиното време исто така е исполнето со производство на микрорастенија од различни растителни видови и микро храна преку употреба на in vitro технологија, во лабораторијата на научно истражувачкиот центар Плант Инжинеринг. 

Филип Андоновски завршил средно образование во СОУ „Коле Нехтенин“ Штип, а дипломирал како електроинженер на универзитетот „Гоце Делчев“ Штип. Тој сега работи како директор на фирмата „Агро Солар“ која произведува соларни сушари за овошје и зеленчук, со помош на сончева енергија. Филип исто така е електроинженер во „Еко Солар“ фирма која произведува термални соларни колектори, а е добитник на 2 гранта од фондот за иновации и технолошки развој и тоа: грант за О2 предизвик и грант за комерцијализација на соларни сушари. 

 

 

Print