Есенски хајк во ШТИП !

Есенски хајк во ШТИП !

Минатиот Петок 23.10.2020 Инфо Клуб-Штип и И.О. Еквинокс Скаут организираа Есенски Хајк до Струмина чешма. Покрај големиот интерес и погодното време, настанот се одвиваше според сите протоколи.

Во Петокот беше организиран есенсјки хајк кои за цел имаше прошетка во природа и промовирање на идеите и активностите на ИНФО КЛУБОТ. Големата посетеност од страна на младите докажа дека сепак се расположени за вакви активности во природа и дружење. Рутата по која се одвиваше хајкот беше од Плоштадот „Слобода“ во Штип до Струмина чешма и назад. Горе на врвот имаше кратка пауза за дружење и фотографии. Најдобрите 3 фотографии на крајот добија скромни награди од нашите спонзори.

 


Print   Email