Започнување на проектот IMPACT – „Kick off“ состанок во Ново Место, Словенија

Започнување на проектот IMPACT – „Kick off“ состанок во Ново Место, Словенија

Од 9 до 11 април 2019 година во Ново Место, Словенија се одржа првиот состанок за проектот „IMPACT – Inclusion Matters! using Performing Arts towards Cohesion and Tolerance“ со кој официјално започнува спроведувањето на проектот. 

На настанот присуствуваа сите партнери вклучени во проектот од Европската Унија и Западен Балкан, со цел координирање за успешно имплементирање на активностите и остварување на резултатите од проектот. Партнерите на овој тридневен состанок  се запознаа едни со други, се вклучија во вежби за градење тим, дискутираа за методологии и ангажирање на заедницата на локално, регионално, национално и меѓународно ниво, со цел максимално влијание на проектот.

Проектот „IMPACT – Inclusion Matters! using Performing Arts towards Cohesion and Tolerance“ е со цел да се поттикне социјалното вклучување преку развивање на уметнички стратегии, техники и методологии кои се насочени кон бегалци и граѓани на локално ниво. Овој проект ќе придонесе за поттикнување на социјалната инклузија преку промовирање на активно учество, кохезија, толеранција и почитување на човековите права.

Проектот IMPACT е имплементиран од VIFIN - Центар за интеграција во соработка со АЛДА, Коалиција на младински организации СЕГА,  La Piccionaia - Центар за театарска продукција, ЛДА Црна Гора, ЛДА Мостар, Здружение за развој на волонтерска работа Ново Место (DRPDNM) и Центар за урбан развој поддржан од програмата Еразмус + на Европската Унија.


Print   Email