Одржана работилница по повод Меѓународниот ден на спортот

Одржана работилница по повод Меѓународниот ден на спортот

Работилница по повод Меѓународен ден на спортот

По повод Меѓународниот ден на спортот (6 април), Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА - Прилеп заедно со дечињата и наставниците од ООУ„Рампо Левката“ - Прилеп, одржа работилница во просторите на училиштето.

Стигнавме во спортската сала, се запознавме со дечињата и им кажавме дека треба да се забавуваме и да играме игри.

Целта на оваа работилница беше децата да бидат активни, да се забавуваат и да трчаат.

 Игравме најразлични игри, „Tic-Tac toe“, подавање на топка и ја туркавме кулата од кутии со топче. Нашите ЕВС волонтери ни помогнаа во подготовките на работилницата, заедно со нашата волонтерка од Peace Corps America. Се забавувавме и се дружевме.

Голема благодарност до Директорката на училиштето, наставникот Кире по физичко образование и одделенскиот наставник Бисера Вишиноска.

Можете да видите дел од атмосферата во салата на следниот линк.


Print   Email