Повик за учесници

Повик за учесници

ИНФО СЕГА Новости Hits: 1106

Ако имаш помеѓу 18 и 30 години, доаѓаш од голем град или мало село, без разлика дали студираш, работиш или само сакаш да размислуваш за светот околу тебе, сподели ја твојата приказна со нас!

Кажи ни што сакаш - зборувај за себе, за твоите пријатели, за пошироката заедница или за организација; кажи ни што мислиш за ковид-19!

Потребна ни е твоја помош за да креираме прашалник кој целосно ги рефлектира твоите потреби и грижи поврзани со ковид-19, за да спроведеме истражување и да ги претставиме наодите од истражувањето до пошироката јавност. Ова ќе и помогне на твојата генерација да влијае врз владите, невладините организации, донаторите, универзитетите, бизнисите и пошироката заедница - за да ја добиете потребната поддршка.

Што добиваш ти со учество во програмата?

Како може да се пријавиш?

Пријави се до 25 октомври 2020 година со пополнување на оналјн формуларот и со испраќање на кратко видео (до 2 минути, mајчин јазик, формат mp4, во хоризонтален режим) за да ни кажеш: 

  1. Kој/a си ти?
  2. Како ковид-19 досега позитивно или негативно влијаеше на твојот живот?
  3. Како очекуваш ковид-19 да ја обликува твојата иднина?
  4. Што мислиш, како ковид-19 влијаеше на твојата околина?

https://www.surveymonkey.com/r/C25KJ95

 

15 Пријавени со најинспиративни пријави и видеа ќе бидат поканети во фокус група за да да дизајнираат анкетен прашалник и подоцна да ги презентираат наодите од истражувањето преку разни онлајн настани.

 

Особено ги охрабруваме да се пријават младите со различно општествено потекло (млади во рурални области, младите кои не работат и не се дел од некоја програма за обука или едукација, ЛГБТИ, припадници на различни етнички илирелигиозни заедници, млади со попреченост и други).

Print