Инфо денови за промоција на ИНФО СЕГА+

Инфо денови за промоција на ИНФО СЕГА+

На 14, 15 и 16 јули 2011 година, тимот на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, со поставени штандови во центарот на Прилеп ја промовираше новата услуга за младите ИНФО СЕГА + Младинска картичка со попуст.

На штандовите беше дистрибуиран промотивен материјал од Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, каде младите имаа можност директно да аплицираат за Младинската картичка со попусти како и да се запознаат подетално за попустите кои што се обезбедени со оваа картичка.

Штандовите ги посетија околу 200 млади лица заинтересирани за новата услуга, а беа поделени околу 1000 флаери.

 

На 28 јули и 04 август 2011 година, во периодот од 20:00 до 21:30 часот во Паркот кај судот Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА организираше ИНФО ДЕН за промоција на новата услуга за млади ИНФО СЕГА + младинска картичка со попуст.  Целта на овој настан беше да се воспостави контакт со младите и да се запознаат со услугите на ИНФО СЕГА. На поставениот штанд младите се информираа за младинските картички со попуст и имаа можност да аплицираат за истите. 24 млади од општина Прилеп аплицираа да ја искористат оваа нова услуга на ИНФО СЕГА. 


Print   Email