Реализирани активности по повод 17 април

Реализирани активности по повод 17 април

Оваа година, Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА преку мотото "Feel Free to Ask" за прв пат го одбележа 17 април, Европскиот ден на младинското информирање преку серија активности во соработка со младинските организации од сите средни училишта од Прилеп.

На 14 и 15 април во салата 105 во Домот на културата Марко Цепенков се одржаа Драмските аматерски претстави во организација на младинската организација на СОУ Орде Чопела и Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА. Први настапија СОУ Гимназија Мирче Ацев и се претставија со монодрамата „Скитник“, а потоа настапи драмската група од  СОУ Орде Чопела со драмата - комедија „Паца за Австралија“.

Во вториот дел на драмските аматерски претстави, први настапија СОУ Ѓорче Петров и се претставија со драмата „Училница“, а потоа настапи СОУ Ристе Ристески Ричко со монодрамата „Далеку“.

 

На 15 април во салата за пинг – понг „Партизан“ се одржа натпревар по пинг - понг  во организација на младинската организација на СОЕПТУ Кузман Јосифоски и Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО. На настанот активно учествуваа 28 ученици од сите средни општински училишта и на најдобрите им беа доделени дипломи за освоено I, II и III место.

На 18 и 19 април во Спортската арена „Сонце“ се одржа Хуманитарен турнир во фудбал и кошарка во организација на младинските организации на СОУ Ѓорче Петров, СОУ Гимназија Мирче Ацев  и Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА. На турнирот во фудбал се одиграа девет натпревари меѓу тимовите од сите средни училишта. Трето пласиран е фудбалскиот тим на СОУ Орде Чопела, второ место освои фудбалскиот тим на СОЕПТУ Кузман Јосифоски Питу, а прво место освои фудбалскиот тим од СОУ Ѓорче Петров. На турнирот во кошарка трето пласиран е тимот на СОУ Ристе Ристески Ричко, второ пласиран е кошаркарскиот тим на СОУ Гимназија Мирче Ацев, а прво место освои кошаркарскиот тим на СОУ Ѓорче Петров.

Исто така во женската кошаркарска лига прво место освоија СОУ Гимназија Мирче Ацев, а второ место освоија СОУ Ѓорче Петров.

Доделувањето на наградите го поддржа општина Прилеп и Градоначалникот Марјан Ристески кој присуствуваше на овој турнир и заедно со професорите по спортски активности од средните општински училишта одиграа пријателски натпревар со победниците од фудбалската лига односно тимот на СОУ Ѓорче Петров.

 

Овие настани имаа и хуманитарен карактер со цел помагање на малата Наташа Николоска од Прилеп, која има само 6 и пол години, поради нејзината ретка болест, сеуште не можи да оди и да зборува.


Print   Email