Предизвиците на македонскиот јазик за 21 век

Предизвиците на македонскиот јазик за 21 век

Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА во соработка со младинската организација на СОЕПТУ „Кузман Јосифоски - Питу“ Прилеп на 21.02.2011 година во Градската библиотека „Борка Талески“ – Прилеп по повод светскиот ден на Мајчиниот Јазик  организираше трибина на тема: „Предизвиците на Македонскиот Јазик во 21 век“. 

Говорници на средбата беа Борче Бојчески – Дипломиран инжинер по компјутерски системи, Елизабета Филипоска – Директор и главен и одговорен уредник на Телевизија „Канал Визија“ – Прилеп и Цеца Видова Трајческа – Професор по Македонски јазик. Фасилитатор на настанот беше Игор Ламбевски – Раководител на ИНФО СЕГА. 

 

Во првиот дел на настанот беше дискутирано за користењето на интернационализмите, скратениците и останатите отстапувања од основите на македонскиот литературен јазик на интернет, во медиумите и воопшто кај младите во секојдневниот живот. Исто така, беше дискутирано за формите и начините што треба да се преземат со цел спречување на оваа појава и зачувување на Македонкиот Јазик во целост. 

 

Во вториот дел беа доделени три благодарници за учество и за освоено 1, 2 и 3 место за најдобар есеј на тема „Мајчин Јазик“ на учениците во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ Прилеп. Наградени беа Сара Маркоска  - за освоено  1 место, Ирма Хајрадиновиќ – за освоено 2 место и Лина Смуткоска – за освоено 3 место.


Print   Email