Отворен првиот Младински Информативен центар ИНФО СЕГА во Прилеп

Отворен првиот Младински Информативен центар ИНФО СЕГА во Прилеп

На 31 мај 2010 година свечено беше отворен Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА Прилеп.

Центарот официјално беше отворен од страна на Извршниот директор на Европската Агенција за Младинско Информирање и Советување (ERYICA), Г-дин Давиде Капеки, Раководителот на сектор за развој за младинска политика на Европскиот Младински Форум, Г-дин Дражен Пулјиќ,  Извршниот директор на Коалиција СЕГА, Г-дин Зоран Илиески, Директорот на Агенција за млади и спорт, Г-дин Диме Спасов како и Градоначалникот на Општина Прилеп  Г-дин Марјан Ристески .

Центарот ќе нуди услуги и информации кои ќе бидат наменети за младите луѓе од областа на: Вработување и волонтирање, Програми за размена на студенти, Стипендии за едукација во Македонија и странство, информации за образовни, рекреативни, културни институции и установи, како и локални спортски и културни настани.

 

Покрај информациите, ИНФО СЕГА ќе организира обуки и едукации од областа на Граѓанско образование, Вработување и Здравство. Како дополнителни услуги кои ќе им бидат на располагање на корисниците се: директни, телефонски и online советувања, Картички со попуст за млади, Бесплатен Интернет и издавање на жолта книга за млади.

Локацијата на овој центар е позади Локална Самоуправа Прилеп.

Проектот Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА е финансиран и поддржан од: Агенција за Млади и Спорт на Република Македонија, Локална Самоуправа Прилеп, програмата CIVICA Mobilitas и Коалиција СЕГА.

 


Print   Email