Одбележан Меѓународниот Ден на Mладите

Одбележан Меѓународниот Ден на Mладите

На 12 август 2019 година во просториите на Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА Прилеп, се одржа работилница со која се одбележа Мегународниот ден на младите.

Работилницата траеше 2 часа и ја одржа нашиот волонтер Нело Девал од Франција, а ја подготвија заедно со волонтерката Бегум Сејхан од Турција.

Прво, преку Kahoot квиз учесниците се запознаа со интересни факти за младите во Македонија. Потоа се запознаа со можностите за волонтирање во земјава и во странство и дискутиравме за добрите и лошите страни на волонтирањето. На крај направивме споредба помеѓу формалното и неформалното образование и потенциравме зошто и неформалното образование е важно.

 


Print   Email