ИНФО ДЕН во Штип !

ИНФО ДЕН во Штип !

Одржан ИНФО ДЕН во Штип.

Денес во Штип од 11:00 до 14:00 на локација Плоштад Штип и пред Правниот факултет се оддржа Инфо Ден каде што младите и работодавачите беа запознаени и подетално информирани со работата на Инфо Клубот и со тековните мерки кои што се активни за употреба од АВРСМ и UNDP. Заинтересираните лица добиваа флаер од штандот со кој подобро можат да се запознаат со работата на Инфо Клубот и услугите кои што ги нуди. Исто така имаа и можност директно да се запишат на пријавата, преку која стануваат дел од нашата дата база на податоци, од каде директно можат да бидат известени доколку во моментот се бара работник со нивните квалификации во соодветен бизнис сектор.


Print   Email