Градиме капацитети на асистентите од Инфо Клуб - Штип

Градиме капацитети на асистентите од Инфо Клуб - Штип

Во моментот се одржува обука во просториите на Коалиција СЕГА во Прилеп, која се однесува на младинското информирање и користење на онлајн алатки.

Асистентите од Инфо Клубот од Штип денес се запознаа со поимите младинско информирање, онлајн информирање  и стекнаа вештини за користрење на онлајн алатки и практична работа на веб страната од Инфо Клубот. Асистентите исто така ги зајакнуваат своите капацитети за подобро информирање на младите преку социјалните медиуми.

Оваа обука е дел од серијата внатрешни обуки кои ги спроведува персоналот на Коалиција СЕГА.

Проектот Инфо Клуб Штип го спроведува Коалиција СЕГА со финансиска подршка од UNDP.


Print   Email