Influencer's Club вработува!

Influencer's Club вработува!

 Influencers.club бара Python dev full-time.

Ние сме стартап кој постои од пред една година и веќе работиме со преку 250 клиенти од целиот свет. Во главно имаме скрејпери што моментално работат на Инстаграм и лоцираат инфлуенсери ( заедно со нивната дата ) и ги продаваме тие податоци на компании за маркетинг. Моментално имаме база од некаде 200М податоци од Инстаграм ама сакаме да одиме и на TikTok, Twitch, YouTube итн.

Просторот е нов и прилично голем па ни требаат инженери кои сакаат fast-paced околина во која што вие ќе бидете во целосна контролна на тоа што ќе го работите. Некои првичен распоред на одговорнoстите би бил:

-Изработка на софтверски решенија кои би овозможиле побрзо и ефикасно скрејпање. Симулација на човечко однесување со цел надмдрување алгоритмите на инстаграм за детекција на автоматизација.

-Работа со голема база на податоци. Константно подобрување и оптимизирање на базата со цел овозможување поголема скалабилност и подобри перформанси.

-Data Analytics - Пост процесинг и анализа на постоечките податоци овозможувајќи подобра визуелизација и анализа

-Image / Text classification - Креирање на дополнителни алатки кои би ги обработиле податоците преземени од инстаграм со цел зголемување на информациите за секој профил. Анализирање на слики, коментари, хаштагс, локации.

Моментално сме remote со тоа што малку да се стишат работите и ќе имаме канцеларија во која можете, ама дефинитивно не морате да доаѓате. Работно време исто така немате ограничено.

За да аплицирате, пратете ми CV или ЛинкедИн профил линк на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Телефон: 38978232973

Вебстрана: https://influencers.club 

Огласот е отворен до 28/11/2020 


Print   Email