Публикација - Иновативен модел на кариерно насочување

Публикација - Иновативен модел на кариерно насочување

Задоволни сме што можеме да ја споделиме со вас новата Публикација за моделот на советување за кариера, развиена како дел од меѓународниот проект „My career our game“.

Проектот MCOG има за цел да воведе иновативна методологија за рано насочување во кариерата како одржлива алатка за спречување на младите луѓе да станат НЕЕТ, обезбедувајќи иновативен пристап лице в лице. Предложениот модел се заснова на искуствата на тројцата партнери во проектот и постојните позитивни практики во различни земји во Европа. Иновацијата е потврдена преку искуства за рано насочување во кариерата и во неформалното и во формалното образование.

Проектот „My career our game“ (2020-1-PL01-KA205-081121) е имплементиран од организацијата ЕПИ од Полска заедно со Коалиција на младински организации СЕГА и Универзитетот Авеиро од Португалија.

ПУБЛИКАЦИЈА MCOG


Print   Email