Во кои држави е признаена македонската возачка дозвола?

Во кои држави е признаена македонската возачка дозвола?

ИНФО НЕЕТ+ Hits: 4149

Во следните држави е признаена македонската возачка дозвола и може да се направи замена:

-Италија

-Шпанија

-Албанија

-Србија

-Црна Гора

-Босна и Херцеговина

-Германија

Согласно со потпишаниот договор, на носители на македонска возачка дозвола кои престојуваат на територијата на горенаведените држави не им е потребна меѓународна возачка дозвола.

Носители на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на територијата на горенаведените држави, на нивно барање може да им се изврши замена на возачката дозвола.

Чешка ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Македонија и врши нејзина замена со чешка возачка дозвола. Во Чешка Република на носителите на македонска возачка дозвола кои престојуваат на нејзината територија не им е потребна меѓународна возачка дозвола.

Бугарија ја признава македонската национална возачка дозвола и врши нејзина замена со бугарска возачка дозвола на лица со пријавен постојан престој во Република Бугарија. За секој друг вид престој на носителите на македонска возачка дозвола потребна им е меѓународна возачка дозвола.

Хрватска ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Македонија и врши нејзина замена со хрватска возачка дозвола. Во Хрватска  носители на македонска возачка дозвола кои престојуваат на нејзината територија можат да управуваат моторно возило без меѓународна возачка дозвола до 1 година од датумот на влез во Хрватска.

Романија ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Македонија и врши нејзина замена со романска возачка дозвола. Во Романија на носителите на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на нејзината територија не им е потребна меѓународна возачка дозвола.

Унгарија ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Македонија и врши нејзина замена со унгарска возачка дозвола. Во

Унгарија на носителите на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на нејзината територија не им е потребна меѓународна возачка дозвола.

Белгија ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Македонија и врши нејзина замена со белгиска возачка дозвола. Во Белгија на носители на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на нејзината територија не им е потребна меѓународна возачка дозвола.

Австрија ја признава националната возачка дозвола само Б – категорија) издадена од надлежен орган на Република Македонија и врши нејзина замена со австриска возачка дозвола. Во Република Австрија на носители на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на нејзината територија не им е потребна меѓународна возачка дозвола.

Грција не врши замена на странска возачка дозвола со грчка и за носителите на македонска возачка дозвола потребна им е меѓународна возачка дозвола.  

Print