Што ви е потребно за издавање возачка книшка?

Што ви е потребно за издавање возачка книшка?

Возачката книшка е јавна исправа што ја издава Министерството за внатрешни работи заедно со возачката дозвола.

Во неа се запишуваат негативните бодови и прекршочната санкција „забрана на управување со моторно возило“

Барањето за издавање возачка книшка се поднесува во следните случаи:

-издавање возачка книшка за првпат;

-замена на возачка книшка поради дотраеност или оштетеност;

-заверка на нова категорија;

-промена на лични податоци во возачката дозвола;

-пријавување промена на местото на живеалиште на возачот и

-издавање на дупликат возачка книшка.

Кога се поднесува барање за издавање на возачка книшка поради дотраеност и/или оштетеност на книшката, старата возачка книшка се одзема и записнички се поништува. Возачот, ако ја изгуби возачката книшка,  должен е да ги поднесе документите наведени подолу, заедно со писмена изјава потпишана од него, во која ќе ги наведе времето и местото на губење на возачката книшка.

Во прилог на барањето за издавање на возачка книшка се поднесува и:

– возачка дозвола на увид;

– важечка лична карта на увид;

– две фотографии со димензии 3,5 х 4,5 см и

– уплатница на износ од 100,00 денари (или уплата со картичка преку ПОС-терминал директно на шалтерот во моментот на предавање на документите).

На овој линк го има и ценовникот за вадење лични документи од МВР.


Print   Email