Дали знаете дека можете електронски да поднесете барање за извод?

Дали знаете дека можете електронски да поднесете барање за извод?

ИНФО НЕЕТ+ Hits: 2121

Дали знаете дека е ставен во функција порталот за поднесување барање за издавање изводи од матичната книга на родени по електронски пат?

Можете да аплицирате за издавањe извод на родените на обичен, интернационален или двојазичен образец. Лицата кои сакаат да извадат извод од матичната книга на родени, можат да го направат тоа со кликнување на следниот линк portal.uvmk.gov.mk, со што ќе можат барањето да го поднесат електронски и соодветно да изберат во кое матично подрачје ќе сакаат да си го подигнат изводот.

Лицата кои ќе поднесат апликација за извод, ќе добијат известување кога да дојдат до шалтерите на Управата за да си го подигнат изводот на и-меил адресата која ќе ја остават за контакт. Барањето за издавање изводи мора да се поднесе лично и изводот на шалтерите ќе мора да се подигне лично со покажување на документ за лична идентификација. Исто така, родителите може да поднесе барање за своето малолетно дете.

За сите дополнителни информации околу барањето за поднесување на изводот може да го симнете Упатството во кое се објасните сите чекори за барањето или пак да контактирате на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Print