И ти имаш право на здравствена заштита - Информирај се!

И ти имаш право на здравствена заштита - Информирај се!

Секој државјанин на РМ има право на здравствена заштита без да биде дискриминиран по било кој основ и може да се лекува во државни и приватни здравствени установи, на примарно, секундарно и терцијарно ниво на здравствена заштита.

Здравствена заштита?

Во примарна здравствена заштита се вбројуваат услугите од физијатри, медицински сестри, практиканти и други здравствени работници кои имаат контакт со пациентот кому му е потребен третман или медицинска помош. Овде се вклучени акутните и хронините болести, превентивната нега и здравтвеното образование.

Услугите овозможени од специјалисти, клиники, локални и општи болници препратени од примарната здравтвена заштита, вклучително амбулантна или интензивна нега, хируршки услуги, физикална терапија, дијагностичка лабораторија итн. Ја претставуваат секундарната здравствена заштита.

Услугите за терцијарната здравствена заштита ја овозможуваат специјални болници или регионални центри кои се опремени со дијагностичка опрема која не е достапна во локалните болници. Овде вклучуваме центри за траума, центри за третман на изгореници, трансплантација на органи, бременост со висока ризичност, радијација, онкологија итн.

Матичен лекар?

Матичниот лекар е должен да го следи здравјето на осигуреното лице и да му укажува на чекорите кои треба да се преземат во текот на лекувањето.

Изборот на матичен лекар се врши со пополнување на изјава за избор на лекар ИЛ-1 (Пријава за избор – Промена на лекар). Изјавата се пополнува во два примероци од кои едниот останува во здравствениот картон на осигуреното лице кај избраниот лекар, а другиот избраниот лекар го доставува до подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување, заради евиденција.

 Покрај при лекарски прегледи кај избраниот матичен лекар, ослободување од плаќање на учество (партиципација) има и

-          при итна медицинска помош на повик;

-          кај деца со посебни потреби;

-        корисници на постојана парична помош, лица сместени во установи за социјална заштита и други семејства, освен за лекови од позитивната листа на лекови и лекување во странство;

-       осигуреници кои платиле износ повисок од 70% од просечната плата во РМ во претходната година, освен за лековите и лекување во странство;

-          лица до 18 години кои имаат потреба од определени ортопедски помагала;

-          лица опфатени со програмите на Владата. 

Регулирано со закон за здравствена заштита во Р. Македонија.

 Поважни интернет адреси и контакти од државни здравствени установи во Р. Македонија:

-       Министерство за здравство: www.zdravstvo.gov.mk

-       Здравствени домови: www.zdravstvo.gov.mk/adresi-na-zdravstveni-domovi

-       Универзитетски клиники: www.zdravstvo.gov.mk/adresi-univerzitetski-kliniki

-       Клинички болници: www.zdravstvo.gov.mk/turkhan

-       Општи болници: www.zdravstvo.gov.mk/adresi-na-opshti-bolnici

-       Специјални болници: www.zdravstvo.gov.mk/adresi-na-specijalni-bolnici

-       Заводи: www.zdravstvo.gov.mk/adresi-na-zavodi

-       Институти: www.zdravstvo.gov.mk/adresi-na-instituti 

-       Брза помош: 194

Поважни приватни здравствени установи:

-       Прва приватна општа болница – Ремедика  www.remedika.com.mk

-       Клиничка болница Аџибадем Систина www.acibademsistina.mk

-       Специјална болница по хируршки болести Филип Втори  www.cardiosurgery.com.mk

-       Поликлиника НЕУРОМЕДИКА  www.neuromedica.com.mk 

-       Европска очна болница www.eeh.mk


Print   Email