Имам ли право да бидам волонтер?

Имам ли право да бидам волонтер?

Волонтерството е доброволно давање на лични услуги, знаења и вештини и/или вршење на други активности во корист на други лица, органи, организации, и институции, без надоместок.

Волонтерска работа може да биде организирана од здруженија на граѓани и фондација, верска заедница или религиозна група, јавна установа и орган на државна власт.

Волонтер може да биде секое домашно и странско физичко лице, како и лице без навршени 18 години, со писмена согласност од родител или старател.

Државјанин на РМ може да волонтира во други држави, согласно прописите на странската држава и меѓународни договори.

Странски лица пак, може да волонтираат во Македонија, со согласност од Министерството за труд и социјална политика, притоа со регулиран престој во државата.

Закон за волонтерство во Р. Македонија.

Права на волонтерот!

Лицето кое волонтира треба писмени да се извести за правата кои следуваат со волонтерската работа. Волонтерот има право на дневен одмор, надоместок за трошоци за храна, превоз, обуки, заштита при работа и слично.

Обврски на волонтерот!

Да ги дава договорените волонтерски услуги, да го извести организаторот за болест или друга пречка да ги врши услугите, да учествува во обуки и слично.

Обврски на организаторот!

Организаторот треба да обезбеди услови, материјали и средства за вршење на волонтерската работа, да издаде волонтерска книшка, како и исплата на однапред договорени трошоци.

Што е Европски Волонтерски Сервис (ЕВС)?

ЕВС како дел од програмата „Еразмус+“ (2014/2020) од Европската Унија, има за цел да поддржи учество на млади во непрофитни и волонтерски активности во странство. ЕВС нуди можност зa стекнување на волонтерско искуство во земјите на ЕУ, нови способности и пријатели како и можност како волонтер да се придонесе за развој на локалните заедници.

Да се волонтира во странство значи да се работи на интересен проект по избор на волонтерите, при што не следува плата, но се обезбедува месечен надомест за трошоците за живеење: сместување, храна, превоз, здравствено осигурување и џепарлак, кои се покриваат од програмата „Еразмус+“ од Европската Комисија. Со волонтирањето во странство следува и бесплатен јазичен курс кој ќе помогне во работата и престојот во држвата која е избрана за дестинација.

Кој може да волонтира во странство?

Сите млади луѓе од Европа на возраст од 18-30 години без разлика на нивната културна, социјална, образовна или економска позадина.

Колку време трае волонтерската работа?

Волонтерот може да учествува само во една ЕВС активност. Волонтери со помали можности може да земат учество на повеќе проекти, под услов вкупното времетраење на периодите волонтирањето да не е подолго од 12 месеци. Проектот може да трае од  до  месеци за поединци, од 2 седмици до 12 месеци за група волонтери (2-30 волонтери) и од 2 седмици до 2 месеца за млади кои се соочуваат со одредени пречки и тешкотии.

Кои се бенифициите и добивките од волонтирање?

ЕВС волонтерството нуди можност за патување во светот, запознавање на нова култура и учење на нов јазик, стекнување на искуство од областа на која работите (уметност и култура, сппорт, социјална работа, здравствена заштита, животна средина и сл.), збогатување на резимето, ширење на мрежата на социјални контакти и идни можности, како и да придонесете за развој на заедницата како млад амбасадор на Македонија во друга земја.

Што е потребно за да се стане волонтер во странство?

Контактирајте некоја од акредитираните организации во Македонија прикажани на следниот линк: www.europa.eu/youth/volunteering/evs-organisation_en доколку размислувате за можноста да волонтирате во странство. Тие ќе Ви објаснат како функционира ЕВС програмата, ќе Ви помогнат при наоѓање на проект, ќе дадат дополнителни информации и ќе преземат одговорност да бидат организација – испраќач.

Како да се најде организација – домаќин?

За проекти што одговараат на Вашите интереси информирајте се www.europa.eu/youth/volunteering/project_en или пребарајте слободни ЕВС позиција на www.europa.eu/youth/EU/voluntary-activities/european-voluntary-service . Истото може да го направите и заеднички со акредитираната организација.

Што е потребно за да се аплицира за ЕВС волонтерство?

Формалностите за апликација траат неколку месеци. Откако волонтерот, организацијата испраќач и организацијата домаќин се согласни околу позицијата и другите детали, двете организации ја доставуваат апликацијата до соодветна Национална Агенција. Доколку апликацијата е прифатена, се оддобрува грант за покривање на трошоците за патување, здравствено осигурување, храна, сместување и џепарлак. Со ЕВС волонтерството не следува плата, но се покриваат само основните потреби.

Дали постојат дополнителни услови кои треба да се исполнуваат пред заминување во странство?

За ЕВС волонтерството, задолжително е секоја акредитирана организација да организира обува за ЕВС влонтерите пред заминување.


Print   Email