Зошто е добро да волонтираш

Зошто е добро да волонтираш

Волонтерството во светот се третира како практика помеѓу луѓето кои работат за општото добро на заедницата без потреба од било каква финансиска или материјална надомест .

Волонтерството е доста актуелна активност  во светот која се применува за промовирање на доброто, поточно подобрувањето на квалитетот на живеење како на локално така и на глобално ниво.

Волонтерството може да се сретне во најразлични форми и е проширено во многу сфери во секојневието на човекот,  на пр. медицината, екологијата, образованието прва помош и сл.

Волонтерството е добро заради голем број причини меѓу кои како најважни би можеле да се издвојат:

- подобрување на економската состојбаво заедницата,

- јакнење на довербата и солидарноста и сплотеност помеѓу граѓаните кои се основи на една здрава заедница

- подобрување на индивидуалната кариера преку стекнување на работно искуство, запознавање нови луѓе и надополнувањето на својата кратка биографија со волонтерско искуство е секогаш од голема полза при првото вработување.

Во сите модерни општества една од основните вредности е взаемното помагање помеѓу луѓето и свое лично издигнување како на личен така и на професионален план. Затоа волонтерството е одлична опција за започнување на вашата кариера.


Print   Email