ОБУКИ - ПРАКТИКАНТСТВО

ОБУКИ - ПРАКТИКАНТСТВО

ОБУКИ-ПРАКТИКАНТСТВО
 
ЈАВЕН ПОВИК/ИЗВЕСТУВАЊЕ
до
невработените лица
 
 1.Се повикуваат невработените лица до 34 години евидентирани во АВРСМ со минимум завршено средно образование кои немаат работно искуство согласно образованието и се заинтересирани да се вклучат во мерката Практикантство за период до 3 (три) месеци кај работодавачите заради стекнување на одредени практични знаења и вештини, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, секој работен ден од 9:00 до 14:00 часот.
 2.За секој кандидат кој ќе биде избран и вклучен во мерката Практикантство, се предвидува финансиска поддршка во износ од 9.000,00 денари месечно   (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход)  за периодот за кој се извршува практичната обука.
 3.Заинтересираните невработени лица за учество во мерката можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.
 4.Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, работодавачите и кандидатите.
ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ
до работодавачите за вклучување во мерката Практикантство
1.Се повикуваат заинтересираните работодавачи, кои имаат потреба за ангажирање на невработени лица до 34 години евидентирани во АВРСМ со минимум средно образование и кои немаат работно искуство согласно образованието да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, секој работен ден од 9:00 до 14:00 часот. 
 2.Право на учество имаат  работодавачи кои:
  • се од приватен и од граѓански сектор;
  • кои имаат најмалку едно вработено лице на неопределено време, најмалку 6 (шест) месеци пред аплицирањето, со исклучок на граѓанските организации и работодавачите кои ќе ангажираат жени од ромската етничка заедница како практиканти;
  •  да ги имаат подмирено сите обврски врз основа на исплатени плати и придонеси од задолжително социјално осигурување.
 3.Времетраењето на практичната обука е за период до 3 (три) месеци. 
4.Секој кандидат кој ќе биде избран од страна на работодавачите по претходно извршено интервју, ќе биде финансиски поддржан од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во износ од 9.000,00 денари месечно (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход) за периодот за кој се извршува практичната обука.
 5.Заинтересираните работодавачи за учество во мерката можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници. 
 6.Уловите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, работодавачите и кандидатите.
   Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт телефонот  02-3111-850 и веб страната www.av.gov.mk.
 АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Print   Email