ОБУКИ - ОБУКА ЗА ПОЗНАТ РАБОТОДАВАЧ

ОБУКИ - ОБУКА ЗА ПОЗНАТ РАБОТОДАВАЧ

ОБУКИ - ОБУКА ЗА ПОЗНАТ РАБОТОДАВАЧ

Врз основа на Оперативниот план за  активните програми и мерки за вработување  и услуги на пазарот на труд за 2021 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 3.1 Обука на работно место за познат работодавач, на  ден 11.03.2021 година, се објавува:

 

 
ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ
 
до невработените лица
 
 
 
Се повикуваат евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во мерката Обука на работно место за познат работодавач да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија,  каде редовно се евидентираат како невработени лица секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
 
Избраните кандидати ќе поминат тримесечна (3 ) обука и истата ќе се спроведува во работните простории на работодавачите согласно Програма за обука предложена од страна на работодавачите. На учесниците во обуката ќе им се издаде потврда за спроведената практична обука. 
 
Невработеното лице добива паричен надомест од 9.000,00 денари месечно, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалан болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката до 3 месеци.
 
Работодавачот има обврска  да вработи најмалку 50 % од обучените лица со полно работно време во траење од најмалку 3 месеци.
 
На корисниците на паричен надоместок ќе им продолжи правото на паричен надоместок до завршување на обуката, додека корисниците на парична помош ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на обуката.
 
             Условите, правата и обврските поконкретно ќе бидат уредени со склучување на  договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, работодавачите и кандидатите.
 
            Заинтересираните невработени лица можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.

 

ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ
 
до работодавачите
 
  1. Се повикуваат заинтересираните работодавачи, кои имаат потреба за вработување на соодветни лица по претходно реализирана обука во траење до 3 (три) месеци,  да се пријават во работните клубови во Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
  2. Програмата не вклучува работодавачи од државни, јавни институции, единици на локална самоуправа и Градот Скопје.
  3. Избраните кандидати ќе поминат тримесечна обука. Обуката на невработените лица ќе се спроведува во работните простории на работодавачите, согласно Програма за обука предложена од страна на работодавачите. На учесниците во обуката ќе им се  издаде потврда за спроведената обука.
  4. Мерката ќе ги опфати невработените лица од евденцијата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.
  5. Во мерката имаат право да учествуваат работодавачи кои:
 
 
имаат вработено најмалку едно лице на неопределено време, со исклучок на граѓанските организации и работодавачи кои ќе вклучат  во обука жени од ромската етничка заедница;
 
на денот на аплицирање ги имаат подмирено сите обврски врз основа на исплатени плати и придонеси од задолжително социјално осигурување;
 
Бројот на лица вклучени во обука не може да биде поголем од 50% од вкупниот број на вработени лица на неопределено време, со исклучок на  граѓанските организации и работодавачи кои ќе вклучат  во обука жени од ромската етничка заедница.
 
 
  1. Невработеното лице добива паричен надомест од 9.000,00 денари месечно, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалан болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката до три (3) месеци. Работодавачот е должен месечно да доставува до АВРСМ листа за евиденција на присуството.
  2. Работодавачот (менторот) е должен да ја спроведе програмата за обука, во согласност со претходно утврден план за истата. На работодавачот ќе му биде исплатен еднократен износ од 15.000 денари по обучено лице по завршена обука.
  3. Работодавачот има обврска  да вработи најмалку 50 % од обучените лица со полно работно време во траење од најмалку 3 месеци.
  4. За време на обуката и периодот  за кој работодавачот има обврска да го задржи лицето на работа (6 месеци), работодавачот е должен да не го намали вкупниот број на работници на неопределно време кој го имал на денот на аплицирање. Во спротивно е должен  да го врати целиот исплатен износ;
  5. Условите, правата  и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор за обука помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, работодавачите и кандидатите.
 
Заинтересираните работодавачи  можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.
 
               Детални информации можат да се добијат во  работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт телефонот 02-3111-850 и веб страната www.av.gov.mk

Print   Email