ЈАВЕН ПОВИК до сите заинтересирани работодавачи за вклучување во мерката Практикантство

ЈАВЕН ПОВИК до сите заинтересирани работодавачи за вклучување во мерката Практикантство

Активни мерки на АВРСМ Hits: 1439

Одлична можност за практиканти во вашата компанија!

Дознајте како може да ја искористите поволноста за ангажирање практикант/ка во вашата компанија. Млади, енергични, ентузијасти со желба за учење и докажување – можеби токму новиот практикант е вашиот нов идеален вработен. Пријавете се тука: https://docs.google.com/.../1FAIpQLSeWQPVI1FSI3a.../viewform

Мерката се однесува на ангажирање практиканти за обука, извршување работни задачи и стекнување искуство во период од три месеци. Со мерката се предвидува финансиска поддршка во износ од 9.000 денари месечен надоместок кој работодавачот ќе биде должен да го исплати кон практикантот, намалена за сметка на законски потребните одбитоци.

Детални информации околу мерката и процесот можат да се добијат на телефон 071 292 002 (лице за контакт Гордана Велјановска).

Активноста е поддржана од 

Embassy of Switzerland in North Macedonia

, а реализиран од УНДП, за креирање можности за работа за ранливите категории, со посебен фокус на младите невработени лица и нивно полесно и поуспешно активирање на пазарот на трудот.

 

Print