ОБУКИ - ОБУКА ЗА ПОЗНАТ РАБОТОДАВАЧ

ОБУКИ - ОБУКА ЗА ПОЗНАТ РАБОТОДАВАЧ

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АКТИВНА МЕРКА: (ОП 2020 МЕРКА 3.1 ИПА) ОБУКА НА РАБОТНО МЕСТО ЗА ПОЗНАТ РАБОТОДАВАЧ

НАМЕНА НА ЈАВНИОТ ОГЛАС: ЈАВЕН ОГЛАС НАМЕНЕТ ЗА ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА

ВАЖИ ОД 18.06.2020 ДО 31.12.2020

 

Се повикуваат евидентираните невработени лица корисници на гарантирана минимална помош кои се заинтересирани да се вклучат во мерката Обука на работно место за познат работодавач да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија,  каде редовно се евидентираат како невработени лица секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

 

Избраните кандидати ќе поминат тримесечна обука и истата ќе се спроведува во работните простории на работодавачите, согласно Програма за обука предложена од страна на работодавачите. На учесниците во обуката ќе им се издаде потврда за спроведената практична обука.

Невработеното лице добива паричен надомест во бруто износ од 9.000,00 денари месечно, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа или болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката до 3 месеци.

Работодавачот има обврска да вработи најмалку 50 % од обучените лица на полно работно време и да не го намали вкупниот бројот на вработени лица на неопределено време со полно работно време во период од 6 месеци.

Во текот на обуката корисниците на гарантирана минимална помош не го губат правото на гарантирана минимална помош. При вработување после периодот на обука, ако корисникот на гарантирана минимална помош е отпуштен од работа од страна на работодавачот, пред истекот на периодот од 6 месеци, има право да се врати во регистарот на корисници на гарантирана минимална помош.  

Условите, правата и обврските поконкретно ќе бидат уредени со склучување на  договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, работодавачите и кандидатите.

Заинтересираните невработени лица можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.

 

Огласот е наменет за работодавачи кои по тримесечна обука ќе вработат лица корисници на гарантирана минимална помош. Се повикуваат заинтересираните работодавачи, кои имаат потреба за вработување на соодветни лица да ги земат во предвид корисниците на гарантиран минимален приход со цел зголемување на нивната вработливост, по претходно реализирана обука во траење од 3 (три) месеци,  да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

Програмата не вклучува работодавачи од државни, јавни институции, единици на локална самоуправа и Градот Скопје.

 

Право на учество ќе имаат работодавачи кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • да има вработено најмалку едно лице на неопределено време, со исклучок на граѓанските организации и работодавачи кои ќе вклучат во обука жени од ромската етничка заедница;
  • на денот на аплицирање ги имаат подмирено сите обврски врз основа на исплатени плати и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • да го немаат намалено бројот на вработени на неопределено време 6 месеци пред објава на јавниот оглас и до потпишување на договорот за субвенција/учество во мерката.
  • Бројот на лица вклучени во обука не може да биде поголем од 50% од вкупниот број на вработени лица на неопределено време, со исклучок на  граѓанските организации и работодавачи кои ќе вклучат  во обука жени од ромската етничка заедница.

 

 

Обврски на работодавачот:

  • при аплицирање за мерката да поднесе предлог Програма /план за тримесечна обука на образец достапен од Центрите за вработување.
  • да назначи ментор и да ја организира и реализира обуката на ангажираните лица корисници на ГМП во просториите на компанијата согласно Програма за обука предложена од страна на работодавачите.
  • да поднесува редовно месечни листи за евиденција на присутност и извештаи за целото времетраење на обуката до Центрите за вработување не подоцна од секој 5-ти во месецот. Листите и извештаите да се со печат и потпишани соодветно.
  • да вработи најмалку 50 % од обучените лица приматели на ГМП на полно работно време, по поминатата тримесечна обука, и да не го намали вкупниот бројот на вработени лица на неопределено време со полно работно време во период од 6 месеци.

 

Мерката ќе опфати невработени лица корисници на гарантиран минимален приход (ГМП) со завршено минимум основно образование евидентирани во регистарот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Избраните кандидати ќе поминат тримесечна обука. На учесниците во обуката ќе им се  издаде потврда за спроведената обука.

Невработеното лице корисник на ГМП добива паричен надомест во бруто износ од 9.000,00 денари месечно, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалан болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката до 3 месеци. Надоместоците кон невработените лица ќе бидат исплатени од средствата на ИПА проектот преку системот на АВРСМ.

На работодавачот ќе му биде исплатен еднократен износ од 5.000 денари по обучено лице по завршена обука. Дополнителен износ од 10.000 денари ќе се исплати на работодавачот за секое вработено лице од обучените лица (во рамките на предвидените најмалку 50% од вкупниот број на обучени лица)

 

Условите, правата  и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор за обука помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, работодавачите и кандидатите.

Заинтересираните работодавачи  можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.

 

Детални информации можат да се добијат во  работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, во ИПА канцеларијата на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  и веб страната www.av.gov.mk.

 


Print   Email