Обука за познат раобтодавач

Обука за познат раобтодавач

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АКТИВНА МЕРКА: (ОП 2020 МЕРКА 3.2(Б)) СТРУЧНИ ОБУКИ СПОРЕД БАРАЊЕ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ

НАМЕНА НА ЈАВНИОТ ОГЛАС: ЈАВЕН ОГЛАС НАМЕНЕТ ЗА ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА

ВАЖИ ОД 29.02.2020 ДО 31.12.2020

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за  мерката  3.2 (б) Стручни обуки според барање на работодавачите, имплементирана од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во партнерство со УНДП - Швајцарската агенција за развој и соработка, на ден  29.02.2020 година се објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

до

работодавачи

 Се повикуваат работодавачите кои имаат потреба да обезбедат квалификувани работници преку обука за стручни квалификации и вештини, да се пријават во Работните клубови на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за учество во оваа мерка.

Обуката за стручни квалификации ќе може да ја спроведуваат верификувани спроведувачи на обука,  работодавачи и средни стручни училишта согласно претходно верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните и/или Министерство за образование и наука.

Обуката за стручни вештини ќе може да ја спроведуваат работодавачи, on-line платформи за обука според доставен план за обука со динамика и распоред на часови и модули.

Лицата кои ќе посетуваат обука за стручни квалификации ќе добиваат месечен надоместок во висина од 9.000 денари, со вклучено осигурување во случај на несреќа на работно место и данок на личен  доход за времетраењето на обуката. Трошоците за обука кон спроведувачите на обука се обезбедени со поддршка на УНДП- Швајцарската агенција за развој и соработка, во висина до 30.000 денари за лице на обука.

Работодавачот кој учествува во обуката за стручни квалификации е должен да вработи најмалку 50% од лицата што успешно ја завршиле обуката со полно работно време во траење од најмалку 6 месеци.

Заинтересираните работодавачи за учество во мерката можат да аплицираат до крајот на тековната година (31.12.2020), односно се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.

Правата и обврските помеѓу АВРСМ, УНДП, работодавачите и спроведувачите на обука  ќе бидат уредени со склучување на меѓусебни договори.

 

Заинтересираните работодавачи можат да поднесат Пријава за учество во Центрите за вработување, секој работен ден од 09:00 – 14:00 часот.

Детални информации за мерката можат да се добијат во работните клубови на 30 центри за вработување и на контакт телефонот 02-3111-850 , како и на веб-страните www.av.gov.mk.

 

 

                                                     АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА     

                                                   РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА


Print   Email