СУБВЕНЦИИ - СУБВЕНЦИОНИРАНО ВРАБОТУВАЊЕ

СУБВЕНЦИИ - СУБВЕНЦИОНИРАНО ВРАБОТУВАЊЕ

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АКТИВНА МЕРКА: ВТОР ОГЛАС

НАМЕНА НА ЈАВНИОТ ОГЛАС: ЈАВЕН ОГЛАС НАМЕНЕТ ЗА ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА

ВАЖИ ОД 10.09.2020 ДО 31.12.2020

Се повикуваат невработени лица корисници на гарантирана минимална помош, евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, каде редовно се евидентираат како невработени лица за учество во мерка Субвенционирање на плати.

Секој работодавач што ќе вработи невработено лице корисник на гарантирана минимална помош ќе добие финансиска поддршка за исплата на бруто плата во износ од 19.000,00 денари, за период од 12 месеци. Работодавачот може на работникот да му исплати и повисока бруто плата од субвенционираниот износ.

Работодавачот е должен да го задржи лицето корисник на гарантирана минимална помош во вкупен работен  период од 18 месеци, за 12 месеци субвенционирање.

Условите, правата и обврските поконкретно ќе бидат уредени со склучување на  договор помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ, работодавачите и кандидатите.

Заинтересираните невработени лица можат да аплицираат с? до исполнување на предвидениот опфат на корисници, односно до искористување на ИПА средствата наменети за оваа мерка, до исполнување на предвидениот број на корисници на гарантирана минималена помош.  

 

Се повикуваат заинтересираните микро, мали и средни фирми, социјални претпријатија и граѓански (непрофитни) организации што се занимаваат со економска активност при вршење на својата дејност, нови претпријатија основани преку Програмата за Самовработување во 2019 година, кои имаат потреба за вработување на соодветни лица, да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

 

Програмата не вклучува работодавачи од државни, јавни институции, единици на локална самоуправа и Градот Скопје.

 

Право на учество ќе имаат работодавачи кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • вкупниот број на работници на денот на аплицирање и пред реализацијата на поддршката да не биде понизок од просечниот број на вработени лица на неопределено време во претходната календарска година, освен ако причините за намалување на бројот на вработени лица на неопределено време се поради прекин на работниот однос поради отказ од работникот, остварување на право на пензија, смрт, неспособност за работа, а не како разултат на деловни причини.
  • ги имаат подмирено сите обврски по основ на исплатени плати и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • немаат финансиска загуба во претходната година;
  • имаат најмалку едно вработено лице на неопределно време, со исклучок на граѓанските организации кои во моментот на аплицирање немаат вработено лице.

 

 

Огласот е наменет за работодавачи кои ќе вработат лица корисници на гарантирана минимална помош. Бројот на лица корисници на гарантирана минимална помош, кои работодавачот може да ги вработи преку програмата 2.1 Субвенционирање на плати, е неограничен.

За работодавач што има едно вработено лице, граѓанските организации кои немаат ниту едно вработено лице и правните субјекти формирани по 01.07.2019 година, максималниот број на поддржани вработувања на лица корисници на гарантирана минимална помош е исто така неограничен.

За вработување на едно лице корисник на гарантирана минимална помош, работодавачот ќе биде финансиски поддржан од АВРСМ и ИПА проектот во износ од 19.000,00 денари месечно, за период од 12 месеци по вработено лице, а е корисник на гарантирана минимална помош.

Работодавачот може на работникот да му исплати и повисока бруто плата од субвенционираниот износ.

Работодавачот е должен да го задржи лицето корисник на гарантирана минимална помош во работен однос во вкупен период од 18 месеци, за 12 месеци субвенционирање.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор за субвенционирано вработување помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, работодавачите и кандидатите.

Заинтересираните работодавачи можат да аплицираат с? до исполнување на предвидениот опфат на корисници, односно до искористување на ИПА средствата наменети за оваа мерка, до исполнување на предвидениот број на корисници на гарантирана минималена помош. 

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, во ИПА канцеларијата на проектот на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и веб страницата на АВРСМ www.av.gov.mk.


Print   Email