Обука за познат работодавач

Обука за познат работодавач

 ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АКТИВНА МЕРКА: (ОП 2020 МЕРКА 3.1) ОБУКА НА РАБОТНО МЕСТО ЗА ПОЗНАТ РАБОТОДАВАЧ

НАМЕНА НА ЈАВНИОТ ОГЛАС: ЈАВЕН ОГЛАС НАМЕНЕТ ЗА ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА

ВАЖИ ОД 04.03.2020 ДО 31.12.2020

Врз основа на Оперативниот план за  активните програми и мерки за вработување  и услуги на пазарот на труд за 2020 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 3.1 Обука на работно место за познат работодавач, финансирана од буџетот на  Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, на  ден 04.03.2020 година, се објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ

до работодавачите

 

  1. Се повикуваат заинтересираните работодавачи, кои имаат потреба за вработување на соодветни лица по претходно реализирана обука во траење од 3 (три) месеци,  да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
  2. Програмата не вклучува работодавачи од државни, јавни институции, единици на локална самоуправа и Градот Скопје.
  3. Избраните кандидати ќе поминат тримесечна обука. Обуката на невработените лица ќе се спроведува во работните простории на работодавачите, согласно Програма за обука предложена од страна на работодавачите, а на учесниците во обуката ќе им биде  издадена потврда за спроведената обука.
  4. Мерката ќе опфати лица со завршено минимум основно образование евидентирани како невработени во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.
  5. Во мерката имаат право да учествуваат работодавачи кои ги исполнуваат следните услови:
  • Работодавачот треба да има вработено најмалку едно лице на неопределено време, со исклучок на граѓанските организации и работодавачи кои ќе вклучат  во обука жени од ромската етничка заедница;
  • На денот на аплицирање ги имаат подмирено сите обврски врз основа на исплатени плати и придонеси од задолжително социјално осигурување; и
  • Бројот на лица вклучени во обука не може да биде поголем од 50% од вкупниот број на вработени лица на неопределено време, со исклучок на  граѓанските организации и работодавачи кои ќе вклучат  во обука жени од ромската етничка заедница.
  1. На невработеното лице кое ќе биде вклучено во обука од страна на АВРСМ ќе му биде исплатен надомест од 9.000,00 денари месечно, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалан болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката до 3 месеци. Работодавачот е должен месечно да доставува до АВРСМ листа за евиденција на присуството.
  2. Работодавачот е должен да ја спроведе програмата за обука, во согласност со претходно утврден план за истата како и да назначи ментор за лицата на обука. На работодавачот ќе му биде исплатен еднократен износ од 5.000 денари по обучено лице по завршена обука. Дополнителен износ од 10.000 денари ќе се исплати на работодавачот за секое вработено лице од обучените лица (во рамките на предвидените најмалку 50% од вкупниот број на обучени лица)
  3. Работодавачот има обврска да вработи најмалку 50 % од лицата вклучни во обука со полно работно време во траење од најмалку 6 месеци, во кој период истиот е должен да не го намали вкупниот бројот на вработени лица на неопределено време.
  4. Условите, правата  и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор за обука помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, работодавачите и кандидатите.

Заинтересираните работодавачи  можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.

               Детални информации можат да се добијат во  работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт телефонот 02-3111-850 и веб страната www.av.gov.mk

 

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА                                     РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА


Print   Email