Обука за напредни ИТ вештини

Обука за напредни ИТ вештини

 

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АКТИВНА МЕРКА: (ОП 2019 МЕРКА 4.3) ВОВЕДНИ ОБУКИ ЗА ИТ ВЕШТИНИ (ОН ЛИНЕ)

НАМЕНА НА ЈАВНИОТ ОГЛАС: ЈАВЕН ОГЛАС НАМЕНЕТ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

ВАЖИ ОД 03.06.2020 ДО 30.11.2020

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година, усвоен од Владата на Република Северна  Македонија за мерката 4.3 Воведни обуки за ИТ вештини (on line), финансирана од Буџетот на  Агенција за вработување на Република Северна Македонија, на ден 03.06.2020 година, се објавува

                                                                                        ЈАВЕН ОГЛАC

                                                                до евидентирани невработени лица 

Се повикуваат евидентираните невработени млади лица до 34 години кои се заинтересирани за стекнување вештини од областа на информатиката, да аплицирааат за учество во следните обуки за воведни вештини од областа на информациските технологии кои ќе се спроведуваат за официјални и глобално стандардизирани програмски единици од образовното портфолио на:

•  Microsoft (електронски пристап за 10 поединечни програмски единици поделени на 3 сегменти - Програмирање, Инфраструктура и Датабази) и

•  Adobe (електронски пристап за 5 поединечни програмски единици).

Програмски единици од образовното портфолио на Microsoft

Сегмент Програмирање

1. MTA Introduction to Programming Using Java

Обуката Programming Using Java треба да ги опфати основите на Јава програмирање, типови на податоци и варијабли, контрола на проток на информации, составување и дебагирање на код, како и симулација на пишување код.

MTA Introduction to Programming Using Java

Број на тематски единици за електронско учење

Број на часови покриени со тематските единици

Број на менторски часови за  интерактивен пристап со сертифициран инструктор

Назив на испит

5

25

12

98-388

2. MTA Introduction to Programming Using HTML and CSS

Обуката Programming Using HTML and CSS треба да базира на два дела:

• HTML (Hypertext Markup Language) кој вклучува основи на HTML, структурирање на документ, мултимедиа презентации и

• CSS (Cascading Style Sheets) што покрива основи на CSS и стилизирање на веб страни.

MTA Introduction to Programming Using HTML and CSS

Број на тематски единици за електронско учење

Број на часови покриени со тематските единици

Број на менторски часови за  интерактивен пристап со сертифициран инструктор

Назив на испит

5

32

12

98-383

3. MTA HTML5 Application Development Fundamentals

Обуката МТА HTML5 за развој на апликации треба на слушателите да им даде силен вовед во HTML5, кој се состои од три главни области: Hypertext Markup Language (HTML), Cascading Style Sheets (CSS3) и JavaScript. Покрај тоа, овој курс треба да го опфати животниот циклус на апликацијата, со цел најдобро да се планираат, дизајнираат, кодираат, тестираат, валидираат и лансираат HTML5 апликациите.

MTA HTML5 Application Development Fundamentals

Број на тематски единици за електронско учење

Број на часови покриени со тематските единици

Број на менторски часови за  интерактивен пристап со сертифициран инструктор

Назив на испит

4

40

12

98-375

4. MTA Introduction to Programming Using JavaScript

Обуката MTA Programing using JavaScript треба да вклучи изучување на JavaScript оператери, клучни зборови и методи, користење на варијабли, типови на податоци и функции, спроведување на одлуки и loops, интеракција со DOM (Document Object Model) и интеракција со форми. Со покривање на овие теми слушателите ќе се стекнат со знаење кое ќе им овозможи како JavaScript се користи за подобрување на постоечки веб сајтови.

MTA Introduction to Programming Using JavaScript

Број на тематски единици за електронско учење

Број на часови покриени со тематските единици

Број на менторски часови за  интерактивен пристап со сертифициран инструктор

Назив на испит

5

32

12

98-382

5.MTA Introduction to Programming Using Python

Обуката MTA Python треба да го покрие програмскиот јазик Python кој може да се користи за веб страни, развој на игри, дури и хардверско програмирање. Обуката треба да опфати типови на податоци и оператори, одлуки и лупови, input и output, документација и структура на код, troubleshooting, модули и алатки.

MTA Introduction to Programming Using Python

Број на тематски единици за електронско учење

Број на часови покриени со тематските единици

Број на менторски часови за  интерактивен пристап со сертифициран инструктор

Назив на испит

6

32

12

98-381

Сегмент Датабази

1. MTA Database Administrator Fundamentals

Обуката MTA Database Administrator Fundamentals треба да им овозможи на слушателите запознавање со концептите и технологиите кои се однесуваат на администрација на бази на податоци. Со оваа обука треба да се покриени релациони бази на податоци, барања, зачувани процедури и безбедносни барања за базите на податоци и податоците складирани во нив.

MTA Database Administrator Fundamentals

Број на тематски единици за електронско учење

Број на часови покриени со тематските единици

Број на менторски часови за  интерактивен пристап со сертифициран инструктор

Назив на испит

4

30

12

98-364

Сегмент Инфраструктура

1. MTA Mobility and Devices Fundamentals

Обуката треба да вклучи изучување на вештини за конфигурација на уреди, пристап до податоци и менаџирање на истите, безбедност на уреди и разбирање на облак (cloud) услугите.

MTA Mobility and Devices Fundamentals

Број на тематски единици за електронско учење

Број на часови покриени со тематските единици

Број на менторски часови за  интерактивен пристап со сертифициран инструктор

Назив на испит

5

30

12

98-368

2. MTA Windows Operating System Fundamentals

Обуката Windows Operating System Fundamentals треба да покрие  разбирање и конфигурирање Windows 10, надградба на client системи, управување со апликации, управување датотеки и фолдери, управување со уреди и разбирање на оперативни системи.

MTA Windows Operating System Fundamentals

Број на тематски единици за електронско учење

Број на часови покриени со тематските единици

Број на менторски часови за  интерактивен пристап со сертифициран инструктор

Назив на испит

5

38

12

98-349

3. MTA Security Fundamentals 2017 Course

Обуката MTA Security Fundamentals треба да покрие слоеви на безбедност, безбедност на оперативен систем, мрежна и софтверска безбедност.

MTA Security Fundamentals 2017 Course

Број на тематски единици за електронско учење

Број на часови покриени со тематските единици

Број на менторски часови за  интерактивен пристап со сертифициран инструктор

Назив на испит

8

18

12

98-367

4. MTA Networking Fundamentals

Обуката Networking Fundamentals треба да покрие три мрежни аспекти: мрежна инфраструктура, вмрежување на хардвер и протоколи и сервиси. 

MTA Networking Fundamentals

Број на тематски единици за електронско учење

Број на часови покриени со тематските единици

Број на менторски часови за  интерактивен пристап со сертифициран инструктор

Назив на испит

5

33

12

98-366

Програмски единици од образовното портфолио на Adobe

1. ACA Photoshop

Обуката за Adobe Photoshop треба да ги покрие следните теми: манипулација со фотографии, графичко дизајнирање, фото-ретуширање, веб дизајнирање и мултимедија.

ACA Photoshop

Број на тематски единици за електронско учење

Број на часови покриени со тематските единици

Број на менторски часови за  интерактивен пристап со сертифициран инструктор

Назив на титула

2

33

12

ACA Photoshop

2. ACA Illustrator

Обуката за Adobe Illustrator треба да им овозможи на слушателите запознавање со векторското цртање и креирање на илустрации за печатен медиум, мултимедија и он-лајн графики.

ACA Illustrator

Број на тематски единици за електронско учење

Број на часови покриени со тематските единици

Број на менторски часови за  интерактивен пристап со сертифициран инструктор

Назив на титула

4

29

12

ACA Illustrator

3. ACA InDesign

Обуката Adobe InDesign треба да им овозможи на слушателите запознавање со основите на дизајн на веб страница и изглед на документот што нуди прецизност, контрола, и лесна интеграција со другите Adobe професионални графички софтвери. Обуката треба да опфати запознавање со основите на десктоп издаваштво кое овозможува дизајнирање и објавување на документи.

ACA InDesign

Број на тематски единици за електронско учење

Број на часови покриени со тематските единици

Број на менторски часови за  интерактивен пристап со сертифициран инструктор

Назив на титула

4

27

12

ACA InDesign

4. ACA PremierePro

Обуката Adobe Premiere Pro треба да им овозможи на слушателите  запознавање со видео монтажа како најразвиена, ефикасна и прецизна алатка за видео едитирање. Обуката треба да опфати совладување на сите редакциски, продукциски и телевизиски предизвици.

ACA PremierePro

Број на тематски единици за електронско учење

Број на часови покриени со тематските единици

Број на менторски часови за  интерактивен пристап со сертифициран инструктор

Назив на титула

4

20

12

ACA PremierePro

5. ACA Animate

Обуката Adobe Animate треба да им овозможи на слушателите  запознавање со алатката која обезбедува сеопфатна средина за креирање и модифицирање на софистицирани веб анимации и интерактивни, богати апликации со мултимедијални содржини кои можат да се објават на различни платформи. Animate CC ќе им послужи на слушателите во креативната индустрија за развој на проекти со интегрирање на видео, звук, графика и анимација.

ACA Animate

Број на тематски единици за електронско учење

Број на часови покриени со тематските единици

Број на менторски часови за  интерактивен пристап со сертифициран инструктор

Назив на титула

5

24

12

ACA Animate

Во оваа мерка е предвидено вклучување на невработени млади лица кои ќе добијат можност за надградување на вештините во областа на информатичките технологии заради зголемување на нивната конкурентност и побрза интеграција на пазарот на трудот.

За учество во обука, кандидатот треба да ги исполнува следниве критериуми[1]:

•  Да има завршено средно или високо образование и

•  Да биде на евидентирано на невработени лица- активен барател на работа

• Невработените лица кои веќе еднаш посетиле обука за напредни ИТ вештини можат да учестуваат во обука во друга напредна ИТ вештина. Доколку бројот на пријавени кандидати за учество во мерката го надминува предвидениот опфат, во тој случај предност ќе имаат кандидадите кои претходно не учествувале во обука за напредни ИТ вештини.

Обуките за напредни вештини од областа на информациските технологии кои ќе се спроведуваат по електронски пат со интерактивни сесии за воведни обуки од областа на информациските технологии, и истите ќе се реализираат на територија на Република Северна Македонија во зависност од пројавениот интерес на таргетираната категорија на евидентирани невработени лица за учество во мерката.

Електронското учење ќе обезбеди можност за следење на наставата  од било кој град, во било кое време, по сопствена динамика на слушателот, со можност за пристап до видео материјалот, во случај да пропуштиле час. По завршување на делот со електронското учење, на слушателите ќе им се обезбедат часови за интерактивни сесии со сертифициран инструктор на македонски јазик.

Од почетокот на обуката, секој слушател ќе добие пристап до тестови за вежбање кои се симулација на официјалниот испит. 

Тренинг центарот има обврска да спроведе претходна проверка на нивото на знаење на кандидатот со цел вклучување во соодветната обука. Крајната листа на кандидатите и резултатите добиени од пред-тестирањето ќе бидат објавени на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, како и на огласните табли во Центрите за вработување.

Обуките по програмска единица ќе се реализираат во период од 3 (три) месеци од денот на формирање на конечните ранг листи, врз основа на понудениот план за реализација на активности од страна на тренинг центарот.

На лицата вклучени во обуките, ќе им бидат издадени ваучери за посетување обука и полагање на испит.

Кандидатите имаат обврска во рок од најмногу 3(три) месеци од завршување на обуката да се пријават за полагање на испит за добивање на официјален акредитаран сертификат од областа. Во случај да не го положат испитот во редовниот термин, слушателите имаат право на повторен испит, но на сопствен трошок.

На лицата кои активно ги поминале видео материјалите и интерактивните сесии за конкретната обука, по завршување на истата ќе им биде издадено уверение за активно следена обука, а лицата кои успешно ќе го положат испитот ќе им биде издаден официјален акредитиран сертификат.

Правата и обврските на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија,  спроведувачот на обуките и учесниците ќе бидат подетално уредени со склучување на посебен договор.

Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Јавниот повик ќе биде отворен се до пополнување на планираниот опфат на лица.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување, на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија www.av.gov.mk како и на FB страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

За сите дополнителни прашања може да се обратите на контакт телефоните 02/3111-850 и 02/3122-397 како и на e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

 

 

                                                         АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА

                                                       РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА


Print   Email